Top Sport

Клиперси останаа и без Грифин

ЛА Клиперс се најмалеризниот тим во оваа сезона во НБА-лигата. Откако им се повредија Милош Теодосиќ и Патрик Беверли, Клиперси изгледа подолго време ќе бидат и без првата ѕвезда Блејк Грифин.

Крилниот центар го повреди коленото во градското дерби со ЛА Лејкерс (120:115). Грифин се повреди во последната четвртина, кога во борба за топка врз него падна соиграчот Остин Риверс.

„Не изгледа добро. Но, ќе мора да почекаме и да видиме што ќе покажат дополнителните прегледи“, рекол тренерот на Kлиперс, Док Риверс.

Грифин до повредата имаше ефект од 26 поени, 11 скока и 6 асистенции. ЛА Клиперс се на десеттото место во Западната конференција со осум победи и 11 порази.

Клиперс уште најмалку еден месец ќе бидат без Милош Теодосиќ, додека за Патрик Беверли оваа сезона е завршена поради повредата на Ахиловата тетива.

Scroll to Top