Италијанското министерство за правда побара поранеешниот фудбалер на Милан, Манчестер сити и Реал Мадрид, Робињо да ја отслужи својата затворска казна за силување во Бразил, откако оваа земја нема договор за екстрадиција со Бразил.
Робињо, заедно со пет други Бразилци, беше осуден за силување во 2017 година, нешто што потоа беше потврдено од апелациониот и врховниот суд во 2020, односно 2023 година. Тој е осуден на деветгодишна затворска казна.
Бразилското министерство потврди дека добило такво барање, без да го именува Робињо, и дека ќе се анализира од министерството пред да се направи конечна одлука.