Top Sport

Италија доживеа историски пораз од Македонија

Фудбалската репрезентација на Италија ќе пропушти уште едно Светско првенство. Од Мундијалот во Катар, азурите ги елиминираше Македонија. Александар Трајковски со голот во 92.минута ги шокираше навивачите во Палермо и низ цела Италија.

Италија прв пат во својата историја ќе пропушти две последовни светски првенства. Азурите не играа и на Мундијалот во Русија пред четири години.

Исто така, голот на Трајковски им го нанесе првиот домашен пораз во квалификациите се пласман на СП. До синоќешниот меч во Палермо, Италија во квалификациите за СП, на домашен терен одиграла 59 натпревари (48 победи и 11 нерешени).
Квалификациски меч за пласман на СП, на домашен терен, никогаш не загубиле Шпанија (51-10-0) и Бразил (49-12-0).

Италија им се приклучи на Грција (2004/06), Данска (1992/94) и Чехословачка (1976/78), како земја актуелен европски првак, која нема да игра на Мундијалот.

Scroll to Top