Top Sport

„Италија и Шпанија ќе се борат за титулата на СП во Катар“

Италија, во неделата, спротивно на сите прогнози ја освои титулата на Европското првенство. Италија, не беше во најтесниот круг на фаворити, пред неа беа Франција, Англија, Португалија, Шпанија…

Селекторот на Италија, Роберто Манчини, открил дека неговите играчи старвувале од дуелот со Франција во полу-финалето, но таму на патот им застана Шпанија, бидејќи Французите беа елиминирани во осмина-финалето.

Манчини со мислите веќе е насочен кон Мундијалот во Катар. Во еден разговор открил кои ќе бидат фаворити.

„Шпанија има одлилен тим. Ќе видите на СП борба помеѓу Шпанија, Италија и можеби уште еден тим. Имаат млади, фантастични играчи“, оценил Манчини.

Италија на ЕУРО 2020 ја победи Шпанија по изведувањето на пенали.

Scroll to Top