Top Sport

Италија поразена во Португалија, турски шок за Швеѓаните, Србите се намачија (видео)

Роберто Манчини го запиша и првиот пораз во официјален конкурентен натпревар на чело на италијанската репрезентација, откако „аѕурите“ паднаа на гостувањето во Лисабон кај Португалија со 1:0.

Ова е втор лош резултат за Италија по домашното 1:1 реми со Полска, со што сигурно ќе се зголеми притисокот на Манчини, кој требаше да го „реновира“ тимот кој не успеа да се квалификува на СП во Русија.

Човек на одлука беше поранешниот напаѓач на Милан, а сега на Севилја, Андре Силва, кој по една контра во 48. минута, успеа да го совлада Џиџи Донарума.

Турција, пак, направи вистинска сензација на „Френдс арената“ во Стокхолм, откако иако губеше со 2:0 од Шведска, на крајот победи со 3:2 со два гола во финишот на натпреварот. Телин и Клесон донесоа водство од 2:0 за „викинзите“ по 48 минути игра, Чалханоглу намали на 2:1 само три минути подоцна, по што на сцена стапи Емре Акбаба со два гола во 88. и 92. минута за шок на Швеѓаните.

Од другите вечерни поинтересни дуели, секако треба да се изводи мечот помеѓу Србија и Романија на стадионот на Партизан во Белград, каде што „орлите“ водеа двапати преку Александар Митровиќ, но Романците успеаја да извлечат 2:2 реми. Во истата група, Црна Гора стигна до лесна 2:0 победа над Литванија со два брзи гола во првото полувреме

Интересно беше и во Лига Д натпреварувањата, каде што Косово стигна до првата победа со 2:0 триумфот над Фарски Острови, додека Андора успеа да извлече бод при 1:1 ремито со Казахстан.

ЛИГА НА НАЦИИ

ЛИГА А

Португалија – Италија 1:0

ЛИГА Б

Шведска – Турција 2:3

ЛИГА Ц

Црна Гора – Литванија 2:0

Србија – Романија 2:2

Шкотска – Албанија 2:0

ЛИГА Д

Андора – Казахстан 1:1

Косово – Фарски Острови 2:0

Малта – Азербејџан 1:1

Scroll to Top