Top Sport

Италија против Аргентина на 1.јуни 2022 во Лондон

Шампионите на Европа и Јужна Америка, ќе одиграат меч за трофеј во Лондон. На заеднички состанок, УЕФА и КОНМЕБОЛ, решија континенталните шампиони, Италија и Аргентина да се сретна на 1.јуни наредната година.

Не е прециизирано на кој стадион ќе се одигра натпреварот, дали домаќин ќе биде „Вембли“ или некој од другите стадиони во англиската престолнина.

Европејците и Јужноамериканците успеаја да вметнат во густиот распоред уште еден натпревар, со што само покажаа колку се длабоки разликите помеѓу двете федерации и ФИФА.

УЕФА и КОНМЕБОЛ најмногу се противат на идејата на ФИФА, Светските првенства да се организираат на секои две години.

Финансискиот дел од организацијата на натпреварот ќе го поделат двете федерации, ФИФА нема да добие ниту цент.

Scroll to Top