Top Sport

Италија со пенал извлече реми на „Вембли“, Србија подобра од Нигерија (видео)

Англија беше поблиску до победата, но Италија со гол од пенал во 87. минута успеа да извлече 1:1 реми на „Вембли“ против Англија, за прв позитивен резултат под преодниот селектор Луиџи Ди Бјаџо.

Селекцијата на Герет Саутгејт дојде во водство преку Џејми Варди во 26. минута, и тоа ќе останеше конечниот резултат доколку Џејмс Тарковски немаше неспретен старт над Федерико Киеза, по што Лоренцо Инсиње беше сигурен од белата точка. Англија во претходниот пријателски меч со 1:0 ја совлада Холандија во Амстердам.

Србија пак, со двата гола на фудбалерот на Фулам, Александар Митровиќ со 2:0 ја совлада Нигерија, исто така во Лондон, но на „Хајв стадионот“ на фудбалскиот клуб Барнет. Оваа победа ќе дојде добро за тимот на Милан Крстаиќ посебно по „бранувањата“ по менувањето на капитенската лента и шпекулациите во српските медиуми.

ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧЕВИ

Австралија – Колумбија 0:0

Англија – Италија 1:1

Мароко – Узбекистан 2:0

Нигерија – Србија 0:2

Scroll to Top