Top Sport

Италија со специјални дресови ќе игра против Англија – во чест на Џанлука Вијали

Италија и Англија вечерва се среќаваат во Неапол во големото дерби од првото коло од квалификациите за ЕП и во репризата од финалето на минатиот шампионат, а мечот ќе остане запаметен како прв за актуелните европски шампиони по смртта на поранешниот напаѓач Џанлука Вијали.

Вијали во последните години беше дел од стручниот штаб на репрезентацијата, а почина во јануари на 58-годишна возраст по тешко боледување.

Репрезентацијата на Италија против Англија ќе носи специјални дресови со посвета на Вијали.

„Лука, „азуро“ засекогаш“, пишува на јаката од дресот на Италија за вечерашниот дуел.

Италија вечерва ќе се претстави во дресови на „Адидас“, откако имаше долга соработка со компанијата „Пума“, која траеше повеќе од една и пол деценија.

Scroll to Top