Top Sport

Италијанците одобрија можен бараж за скудетото од 2022/23

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) ги одобри промените во системот на натпреварување во Серија А за новата сезона 2022/23, во која за скудетото може да се решава преку плејоф.

Ако два клуба завршат со ист број на поени на врвот на табелата во Серија А, ќе мора да се игра бараж-меч за утврдување на освојувачот на скудетото. Би се играл само еден меч, во кој ако по 90 минути игра нема победник, веднаш би се изведувале пенали без продолженија.

Ова е всушност враќање на стариот метод на утврдување на шампион во Италија, и веќе еднаш се одлучувал шампион преку бараж, кога во 1964 година, Болоња го совлада Интер со 2:0. Правилото важи само за првото место, односно ако тимовите се во борба за место во европските купови, ќе се гледа меѓусебниот скор.

Scroll to Top