Top Sport

Тите: Тој што го игра Нејмар како крило е магаре!

Бразилскиот селектор Тите влезе во одбрана на својот напаѓач Нејмар, велејќи дека во неговиот клуб Пари Сен-Жермен, секој кој сака да го постави да игра како крило е „магаре“.

Додека беше фудбалер на Барса, тој имаше широка улога покрај Луис Суарез и Лионел Меси во нападот, додека во бразилската репрезентација игра како „чиста десетка“.

„Нејмар не е проблем, туку е решение. Велат дека прави многу грешки кога игра во Европа, но тоа е така бидејќи не игра на неговата позиција, бидејќи таму не може да е клучен. Ако некој тренер сака да го игра на крило, ќе кажам дека е магаре. Така се ограничува креативниот капацитет на таков фудбалер“, вели Тите.

Scroll to Top