Top Sport

Италијанците подготвени за „фудбалски бегалци“ од Авганистан

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гравина потврди дека Италија е отворена да ги прими сите бегалци од Авганистан кои се прогонувани поради фудбалот, „најубавиот спорт на светот“.

Фудбалскиот свет беше потресен од веста дека Талибанците го „ловат“ авганистанскиот женски фудбалски тим, додека еден од тие кои загинаа на аеродромот во Кабул, беше 19-годишниот младински репрезентативец, Заки Анвари.

Гравина преку писмо до медиумите објави дека ФИГЦ е тука за бегалците кои се прогонувани поради фудбалот.

„Сакам да потврдам дека ФИГЦ е подготвена да помогне, да понуди сместување за фудбалерите и фудбалерките кои бараат место во нашата земја. ФИФА, заедно со асоцијацијата на играчи ФИФПРО и федерациите се подготвени да помогнат. На секој дел од планетата, без разлика во што верувате, никому не смее да му се спречи да шутира фудбал и да сонува да стане фудбалер“, вели Гравина.

Scroll to Top