Top Sport

Италијанците сакаат да им го „украдат“ Мартинели на Бразилците

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) веќе контактирала со претставниците на младиот напаѓач на Арсенал, Габриел Мартинели во обид да го натераат да се обврзе на италијанската репрезентација наместо на својата татковина Бразил.

Мартинели е роден во Гвараљош во државата Сао Пауло, но може да добие италијански пасош поради потеклото на неговиот татко и „аѕурите“ би сакале да го видат 18-годишниот талент во нивната репрезентација. Бразилскиот селектор Тите го повика младиот фудбалер на тренинзите пред Копа Америка во 2019, но не го повика во составот кој ја освои титулата.

Ако ја прифати понудата, тој ќе стане третиот репрентативец на Италија кој доаѓа од Бразил по двојката на Челси, Емерсон Палмиери и Жоргињо.

Мартинели ја почна кариерата како дел од футсал тимот на Коринтијанс, пред во 2015 да замине во Итуањо. Тој беше повикан на тестови во Манчестер јунајтед и Барселона пред во 2017 да го потпише првиот професионален договор пред Арсенал да го „грабне“.

Тој постигна два гола во првиот настап за Арсенал при 5:0 победата над Нотингем форест во Карабао купот, а во вториот старт, 4:0 победата над Стандард Лиеж, тој додаде уште два гола.

Scroll to Top