Top Sport

Хрватски кошаркар потпиша за словачки тим и си замина по еден тренинг

Младиот хрватски кошаркар, Ник Славица потпишал договор со словачкиот клуб, Интер Братислава, но решил да се врати дома по само еден тренинг со својот нов клуб.

Словачкиот шампион, каде што тренер е сонародникот на 22-годишниот Славица, Арамис Наглиќ, во средата пристигнал во Братислава, одработил еден тренинг со клубот, вечерал и потоа изјавил дека е под притисок и дека сака да го вратат дома. Следното утро тој се вратил во Загреб, и директорот на клубот Михал Ондруш изјави дека не видел такво нешто во својата кариера.

„Не знам кои се мотивите и причините кои го донесоа до толку силна желба веднаш да се врати дома. Мислев дека сè сум видел во кошарката, но вакво нешто навистина ме изненади. Му посакуваме да го искористи својот талент и да направи кариера“, изјави Ондруш.

Scroll to Top