Во сензационален развој на настаните, сите 11 клуба и 59 личности кои беа обвинети за вештачко кревање на вредноста на трансферите за да се зголеми капиталот на италијанските клубови, се ослободени од обвиненијата.
11-те клуба кои беа вклучени во дисциплинската постапка се Јувентус, Наполи, Сампдорија, Џенова, Емполи, Про Верчели, Парма, Пиза, Киево, Новара и Пескара, а се бараше и едногодишна суспензија за 59 директори и раководни лица на клубовите, вклучувајќи ги претседателите на Јувентус, Андреа Ањели и на Наполи, Аурелио де Лаурентис. Помеѓу поголемите трансфери кои беа под истрага беа продажбата на Виктор Осимен од Лил во Наполи, и трампата Артур Мело-Миралем Пјаниќ помеѓу Барселона и Јувентус.
Според објаснувањето на дисциплинската комисија на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), тие немаат вистински параметри за да се одреди реалната вредност на фудбалерите, така што нема основа за обвинение.
Inchiesta Plusvalenze, la sentenza: tutti prosciolti dal primo grado di Giustizia Sportiva https://t.co/51hzeIY5A4
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) April 15, 2022