Top Sport

Италијанска „пресметка“ – претседателите на Фиорентина и Торино се тужат

Во необична ескалација на нетрпението во италијанскиот фудбал, претседателот на Торино, Урбано Каиро го тужи претседателот на Фиорентина, Роко Комисо, кој најави контра-тужба.

Каиро и Комисо имаат различни визија за иднината на италијанскиот фудбал и јавно се препираат последните неколку години, за денеска Каиро да потврди дека го тужи Комисо за „постојано обвинување дека инспририра клеветничка кампања“. Ситуацијата е комплкувана поради тоа што Каиро е претседате на „РЦС“ медиумската групација, која го вклучува и влијателниот спортски весник „Ла газета дело спорт“.

„Постојаноста на обвиненијата од Комисо го остави претседателот на ‘РЦС’ без опции, освен да ја брани честа и престижот на медиумските компании од нападите“, се вели во објавата на Торино.

Комисо на ова одговори со долго соопштение преку веб-сајтот на Фиорентина во кое вети дека ќе го тужи Каиро за „неоснованата и клеветничка“ тужба.

Scroll to Top