Top Sport

Златан со емотивна проштална порака

Златан Ибрахимовиќ стави точка на кариерата на 42 години по крајот на сезоната во која малку играше за Милан, а сега преку социјалните мрежи прати проштална порака, кој во исто време беше и емотивна порака до покојниот поранешен менаџер, Мино Рајола.

„Почна со сон. Сонот кој од невозможен стана возможен. Бев роден во Малме. Пораснав во Амстердам. Станав помудар во Торино. Станав лав во Барселона. Пораснав во Милан и добив нова перспектива во Париз. Во Манчестер добив издржливост, а во Лос Анџелес се забавував. И, конечно, најдов мир во мојот нов дом во Милан. Вие ме направивте, а тоа што сакам да го оставам зад себе е сите нови Златани кои јас ги направив. Сите тие кои имаат срце на лав. И тие кои имат оган во очите. Сите кои сфаќаат дека невозможното е ништо. Благодарам на сите. Мино, успеавме! Патот е завршен. Беше неверојатно, ми недостасуваш.
# Malmö FF
# Ajax
# Juventus
# Inter FC
# Barcelona
# AC Milan
# Paris Saint-Germain
# Manchester United
# LA Galaxy
# AC Milan“, пишува Ибрахимовиќ.

Scroll to Top