Top Sport

Италијанска работа: Калдара и Игуаин за Бонучи

Јувентус и Милан постигнале договор да разменат фудбалери. Како што објави „Скај Италија“, Леонардо Бонучи ќе се врти во Јуветус, а во спротивине правец ќе се упатат Матија Калдара и Гонзало Игуаин.

Според истиот извор, ова го договориле претставниците на двата тима по неколку часовните преговори, на кој биле присутни и менаџерите на фудбалерите.

Бнучи по една година ќе се врати во редовите на Јувентус. Милан минатото лето за неговите услуги му плати на Јувентус 42 милиони евра. Како замена за Бонучи, Милан ќе го добие талентираниот дефанзивец Калдара и напаѓачот Игуаин.

Разликата е само во тоа што Игуаин ќе биде позајмен во Милан за огромна сума од 15 милиони евра. Клубовите не објавија дали потоа Милан ќе може и по која цена да го откупи договорот на Аргентинецот.

Scroll to Top