Top Sport

Клоп: Рамос е немилосрден и брутален

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го прекина молкот и реши да проговори за стартот на Серхио Рамос врз Мохамед Салах, во финалето на Лигата на шампионите.

„Да можеше да со користи ВАР системот, тоа ќе бидеш идеална ситуација (дуелот со Салах). Не велам дека требаше да се покаже црвен картон, но тоа требаше немилосрдно да се констатира. Секој што не е навивач на Реал, за стартот ќе каже дека беше немилосрден и брутален. Не сум сигурен дека повторно ќе се сретнеме со нешто такво, еден играч најпрвин брутално да го удри голманот (лактот на Рамос во главата на Кариус), потоа во боречки стил да стартува врз најдобриот стрелец на противничкиот тим и да го исфрли од играта и на крајот да го добие натпреварот. Тоа е она за што треба да се разговара“, рекол Клоп.

Германскиот тренер имал коментар и за карактерот на Серхио Рамос.

„Потоа тој зборуваше. ‘Што сакаат? Тоа не е нормално’. Воопшто не ми се допадна неговата реакција. Интересно е што Рамос бил во многу вакви ситуации. Ќе се сетите на минатогодишниот натпревар со Јувентус и неговата одговорност за црвениот картон што го доби Квадрадо. Никој потоа не го коментираше тој момент. Знаете како да е прифатливо да се користат сите средства за да се добие натпреварот. Јас не сум таков. Ние сме агресивни, но во мојот речник постои само зборот „легално“, завршил Клоп.

Реал, во финалето во Лигата на шампионите, го победи Ливерпул со 3:1, а Салах по дуелот со Рамос, поради повреда, го напушти теренот, при резултат 0:0.

Scroll to Top