Top Sport

Италијански судија погоден со сладолед, Палермо доби казна

Италијанскиот второлигаш Палермо, клубот на македонските интернационалци Александар Трајковски и Илија Несторовски доби казна откако судијата на понеделничкиот меч против Фоџа бил погоден со сладолед!

Серија Б во дисциплинскиот извештај за колото посочи дека на натпреварот „бил фрлен корнет за сладолед кој го погодил главниот судија, без да предизвика повреда“. Палермо, кои загубија со 1:2, се казнети со 10.000 евра.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');