Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во Лече.
Де Сантис и неговата девојка биле избодени со нож. Нивните тела ги пронашле соседите кои ја известиле полицијата.
Де Сантис во кариерата судел 130 натпревари во Серија Ц, а во Серија Б во 2017 година го судел мечот помеѓу Пиза и Беневенто.