Стефано Салватори, поранешниот играч на Милан, почина во средата на 49 години. Салватори ја почна својата кариера со „росонерите“, пред да се врати во тимот за сезоната 1989/90, освојувајќи ја европската титула со нив.
Играч кој се снаоѓаше во одбраната и во средниот ред, и играше во повеќе италијански тимови како Парма, Фиорентина, Аталанта и СПАЛ. По повлекувањето од спортот, тој се пресели во Австралија, каде што неколку години работеше со фудбалски школи во Бризбејн и Сиднеј. Причината за неговата смрт засега не е откриена.
Addolorato per la scomparsa di un grande compagno di squadra e un caro amico. Ciao Stefano pic.twitter.com/BZQ9Ia9TK6
— Carlo Ancelotti (@MrAncelotti) November 1, 2017