Top Sport

Шварцман со поен на годината во Берси

Аргентинецот Диего Шварцман можеби го имаше најдобриот поен виден на тениските терени оваа година, но  и покрај тоа загуби од Американецот Џон Изнер на Мастерсот во Париз.

Шварцман водеше со 6:5 во вториот сет и на сервис на Изнер, 25-годишниот Аргентинец беше во „тесно“ по ретурнот, за одличен поен со рекетот зад грб.

На крајот, Изнер стигна до 7:6(2)/6:7(11)/6:3 победа за пласман во третото коло.

Интересно, ова беше дуел на највисокиот и најнискиот тенисер на турнејата. Изнер е висок 208 сантиметри, додека Шварцман има 170 сантиметри.

Scroll to Top