Top Sport

Италијанскиот куп само за прволигаши и второлигаши

Форматот на Копа Италија ќе доживее нова промена следната сезона, откако на состанокот на Лега Серија А се одлучи да учествуваат само 40 клубови – тие од првата лига (Серија А) и од втората лига (Серија Б) во обид да се направи натпреварувањето поинтересно за ТВ-правата.

Спореди италијанските медиуми, следната сезона, Копа Италија ќе стартува на 15 август, кога 12 клуба од Серија А ќе го играат првото коло, додека првите 8 нема да влезат до осминафиналето.

Досега, Италијанскиот куп, слично како и другите купови во европските земји беа отворени за сите клубови од Серија Ц и од Серија Д, односно и за аматерските клубови. Оваа сезона, ниту еден клуб од третата и четвртата лига не ги „преживеа“ првите три кола, така што кога влегоа клубовите од Серија А, за противници имаа второлигаши.

Јувентус и Аталанта ќе се борат за титулата на „Олимпико“ во Рим на 19 мај.

Scroll to Top