Top Sport

Глејзери сакаат мир со навивачите – Јунајтед добиваат пари за Хери Кејн

Манчестер јунајтед се подготвени да потрошат 90 милиони фунти за да го донесат Хери Кејн од Тотенхем, тврди британскиот таблоид „Сан“, откако семејството Глејзер дало зелено светло за ваков супер-трансфер во обид да се смират со навивачите по фијаското со Суперлигата.

Според нивните извори, Кејн е заинтересиран за трансфер од својот омилен Тотенхем, посебно бидејќи следната сезона најверојатно нема да играат во Лигата на шампионите. Пред неколку дена, кога ја добиваше наградата за најдобар стрелец во Премиер лигата, Кејн призна дека му е доста од индивидуални титули и дека би сакал да ги освојува „најголемите титули на светот“.

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, пак, ако мора да го продаде Кејн би сакал тој да замине надвор од Премиер лигата, но станува јасно дека Тотенхем ќе мора да прават целосен „ремонт“ и ново градење на тимот ова лето.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top