Top Sport

Италијанскиот печат контра Лукаку: Тој е катастрофа!

Италијанскиот печат се „сврте“ против Ромелу Лукаку, оценувајќи го неговиот настап при 2:2 ремито на Интер со Монца како „катастрофа“, со заклучок дека Белгиецот не е истиот со кого „нераѕурите“ ја освоија титулата пред две години.

По импресивната 1:0 победа над Наполи за враќање на надежите за борба за титулата, ремито со тимот на Силвио Берлускони дојде како суров удар. Лукаку влезе во игра во 55. минута од мечот и немаше забележителна улога, без удари на голот, со само четири додавања и три загубени топки.

„Ла газета дело спорт“ не штедеше на зборови: „Тој прави се погрешно, дури не ја сопира топката како што треба, и беше одговорен за поништување на два контранапади. Тие на стадионот не можеа да веруваат што гледаат“. „Кориере дело спорт“ беа кратки: „Катастрофа“, додека „Кориере дела сера“ се прашува „каде е напаѓачот кој ги предводеше Интер до скудетото пред две години?“.

„Ла газета“ му даде 4-ка, „Кориере ело спорт“ 4.5, а „Тутоспорт 4.5.

Scroll to Top