Проблемите на италијанскиот фудбал со пандемијата на корона вирусот се зголемија, откако денеска и италијанскиот селектор Роберто Манчини потврди дека има позитивен тест на КОВИД-19. Тој нема симптоми и е во домашна изолација, потврдија од Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).
Претходно, напаѓачот на Рома, Един Џеко потврди дека е позитивен, а од Лацио објавија дека тројца членови на нивниот тим имаат позитивни тестови.
„Како дел од периодичните прегледи на ФИГЦ, тренерот Роберто Манчини беше позитивен на КОВИД-19. Тој нема симптоми и го почитува протоколот, поставувајќи се во изолација во неговиот дом во Рим. Тренерот ќе може да се приклучи на репрезентација во Коверчијано кога ќе ги исполни условите“, се вели во соопштението на ФИГЦ.