Top Sport

Италијанскиот шампион Милан има премалку Италијанци

Милан најверојатно ќе мораат да донесат барем еден италијански фудбалер ова лето за да ги задоволат условите на Серија А за регистрација за тим за Лигата на шампиони.

„Росонерите“ ќе именуваат тим од 25 играчи за ЛШ, но мораат да имаат барем четири фудбалери кои произлегле од нивната младинска школа и четири кои се продукт на другите италијански клубови. Ова не беше проблем во сезоната која заврши, но по заминувањето на повеќе играчи, тоа може да биде проблем.

Според „Калчомеркаато“, Милан имаат седум фудбалери кои ги исполнуваат вата критериуми: Матео Габиј, Давиде Калабрија, Даниеле Малдини, Сандро Тонали и Томасо Побега и Алесандро Плицари, кои ќе се вратат во тимот. Алесандро Флоренци најверојатно ќе потпише постојан договор за да стане седмиот фудбалер.

Од Милан заминаа Антонио Миранте и Алесио Ромањоли, како и Франк Кеси, кој се сметаше како фудбалер кој беше продукт на италијанските фудбалски школи.

„Росонерите“ се поврзуваат со повеќе трансфери на италијански фудбалери во последните недели, како Доменико Берарди, Андреа Белоти и Николо Ѕаниоло.

Scroll to Top