Top Sport

Бекер од затвор му пратил порака на поддршка на Зверев

Германската тениска легенда Борис Бекер му пратил порака на поддршка на својот наследник, Александер Зверев по неговата брутална повреда на скочниот зглоб во полуфиналето на Ролан Гарос против подоцнежниот шампион, Рафаел Надал.

25-годишниот Зверев мораше да се откаже во вториот сет од полуфиналето по сериозната повреда на зглобот и неговиот брат (исто така тенисер) Миша Зверев откри дека дури и Бекер, кој е осуден за измама во Велика Британија и доби двеиполгодишна казна затвор го следел мечот.

„Саша исто така доби порака од Борис. Тој кажа дека го следел турнирот и му посакува брзо опоравување“, вели Миша Зверев за „Јуроспорт“.

Scroll to Top