Top Sport

Италијанскиот спорт се „рестартира“ на 4 мај?

Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора побара спортските активности во Италија да продолжат на 4 мај, еден ден по крајот на новите вонредни мерки кои ги донесе владата.

Премиерот Џузепе Конте потврди дека карантинот во земјата ќе биде продолжен до 3 мај, но посочи дека доколку се оддржува практиката на социјално дистанцирање, мерките можат да бидат и предвреме укинати.

Сега, во писмо на Спадафора до Џовани и Лука Панкали, претседателите на Олимпискиот, односно Параолимпискиот комитет во Италија, се вели дека клубовите ќе можат да тренираат повторно веќе следниот ден.

„Со голема и длабока верба дека нашите спортисти ќе се вратат на победите и чествувањето на триколорката наскоро, барам да ги рестартирате федерациите и другите спортски установи за да се продолжи со спортската активност, претпоставено на 4 мај со целосно почитување на безбедносните мерки во согласност со здравствените власти“, се вели во писмото на Спадафора.

Scroll to Top