Top Sport

Италијанските гиганти заинтересирани за Лингард

Џеси Лингард може да стане следниот во низата англиски фудбалери кои се преселиле во Серија А, откако британските медиуми тврдат дека Милан, Јувентус и Рома се заинтересирани да го добијат фудбалерот на Манчестер јунајтед, кој ќе биде слободен агент по крајот на сезоната.

29-годишниот Лингард, иако произлезе од академијата на „ѓаволите“, е апсолутно незадоволен од малата минутажа која ја добива во клубот, и иако Њукасл и Вест хем беа посочувани како клубови кои се најзаинтересирани за неговите услуги, сега е поверојатно тој да заврши во Италија како поранешниот соиграч Крис Смолинг и поранешниот фудбалер на Челси, Теми Абрахам.

Милан и Јувентус подолго време се заинтересирани за напаѓачот, но фаворит според „Атлетик“ е Рома, бидејќи таму на клупата е неговиот поранешен тренер од Јунајтед, Жозе Мурињо.

Scroll to Top