Top Sport

Брентфорд го „спушти“ Вест хем, уште има надеж за Норич

Брентфорд продолжува со одличните игри во Премиерлигата, победувајќи го Вест хем со 2:0 и така намалувајќи му ги шансите за топ 4 пласман, додека Норич им дадоа малку надеж на своите фанови дека е возможен чудесен опстанок во елитата по 2:0 побеата над Барнли.

Брајан Мбеумо во 48. минута од мечот постигна убав гол за Брентфорд, пред во 64. минута да му асистира на Ајван Тоуни за 2:0, предност која не го испуштија до крајот.  Ова е четврта победа во последните пет меча за Брентфорд, додека Вест хем губат третпат во последните пет меча и остануваат на шест поени од четвртото место каде што е Тотенхем со меч помалку.

Норич, пак, победи првпат од јануари, триумфирајќи со 2:0 против Барнли, уште еден клуб кој се бори за опстанок во лигата.

ПРЕМИЕРЛИГА, 32.КОЛО

Брентфорд – Вест хем 2:0

Лестер – Кристал палас 2:1

Норич – Барнли 2:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top