Top Sport

Италијанските судии потврдија дека ВАР-собата немала снимка на која се гледа Кандрева

Италијанската асоцијација на фудбалски судии (АИА), тврди дека судиите во ВАР собата на мечот Јувентус-Салернитана не можеле да го видат Антонио Кандрева при акцијата во која победничкиот гол на Аркадијуш Милик за 3:2 беше поништен поради офсајд.

Во контроверзниот меч, Јуве сметаа дека постигнале победнички гол во нервозниот меч, пред голот да биде поништен поради офсајд, иако потоа снимките и фотографиите покажаа дека Антонио Кандрева е поблиску до гол-линијата, што значи дека офсајдд нема.

„Во однос на инцидентот на мечот Јувентус-Салернитана, по крајот на мечот се објави, прво на Интернет, а потоа и преку медиумите. Техничкото тело ги разгледа сите фотографии и снимки кои беа достапни за ВАР за мечот, и такво видео немаше. Техничкото тело побара компанијата која дава технолошки услуги за ВАР, дефинитирани како тактички, да даде информации и одговорот беше дека таа камера не беше достапна на ВАР судиите и не беше користена. Со ова се надеваме дека го расчистуваме инциентот“, се вели во објавата.

Бура во Италија: Дали ВАР му „украде“ победа на Јувентус против Салернитана?

Scroll to Top