Top Sport

Италијанците воодушевени од Пулишиќ: Благ е како „Хершис“ чоколадо

Кристијан Пулишиќ во понеделникот беше најдобар играч на мечот Болоња-Милан, и новото засилување на „росонерите“ доби блескави пофалби во италијанските медиуми, за кои првичната оценка за Американецот е позитивна.

Пулишиќ постигна убав гол на мечот на „Ренато Дал’Ара“, и доби најдобра оценка од 7.5/10 од „Ла газета дело спорт“ и од „Ил кориере дело спорт“. „Тутоспорт“ исто така го оцени највисоко со 7/10, исто како неговиот соиграч, Рафаел Леао

„Тој доаѓа од Херши, местото славно по најдоброто чоколадо во мерика. Вчера, тој беше исто толку благ како ‘Хершис’ чоколадо. Фантастичен допир за првиот гол и уште поубав удар за гол“, пишува новинарот на „Газета“, Лука Бјанкин.

„Кориере“ додаде дека тој имал „совршено прво полувреме“ и дека бил „убедливо најдобриот играч на теренот“.

Scroll to Top