Top Sport

Анчелоти го пофали Мурињо: Видете што прави со слабата Рома

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го испофали Жозе Мурињо за неговите успеси во клуб како Рома, која не ја сместува меѓу елитните тимови оваа сезона.

Португалецот во првата сезона на клубот го донесе првиот европски трофеј во Конференциската лига, за минатата сезона повторно да се пласира во европско финале, каде што загубија од Севилја.

„Тој е успешен иако Рома не се смета меѓу најдобрите тимови. Тоа не е изненадувачки бидејќи Мурињо е искрена личност и голем тренер, така што изгради фантастична врска со своите играчи, но и со навивачите на тимот“, вели Анчелоти.

Мурињо ова лето исто така одби повеќе големи понуди од клубовите во Саудиска Арабија и реши да остане во Рома, иако буџетот за засилувања му беше минимален.

Scroll to Top