Клубовите од Серија А се незадоволни од начинот како со целатата ситуација во услови на криза се справува министерот за култура и спорт Виченцо Спадафора. Тие свикале итен состанок по изјавата на министерот дека актуелната сезона нема да продолжи.
Претседателите на клубовите се незадоволни од она што тој им го порача денеска.
„Дали и кога ќе продолжи Серија А? Доколку сакаме да спречиме коронавирусот да се шири на било кој начин тогаш треба да го следиме примерот на Холандија и Франција. Искрено едно такво сценарио е сѐ поблиску и кај нас. Нема проблем Спортистите да им се вратата на тренинзите, но играњето натпревари е нешто друго, ризично е. Да сум на местото на претседателите на клубовите би започнал да размислувам за наредната сезона. Одлуката што ја донесе Франција би можела да ја усмери Италија и другите европски земји да постапат на ист начин. Читајќи ги изјавите, ми се чини дека поголем дел од претседателите на клубовите во Серија А сакаат сезоната да заврши“, рекол Спадафора.
Клубовите прашуваат зошто е одреден датумот кога ќе може да започнат со тренирање, а се уште нема информации кога би можела да продолжи сезоната. Тие не сакал да се изложуваат на дополнителни трошоци доколку планот на владата е сезоната да биде прекината.
Фудбалскиот сојуз на Италија и Серија А работат на новиот протокол кој ќе му го испрателе лично на премиерот Џузепе Конте. од него ќе бараат да им се овозможи да тренираат во нормални услови, а не по парковите.
Вонреден состанок закажале за в петок. Многу од клубовите се загрижени за својата егзистенција. Најголем дел од клубовите во Сериај А своите буџети ги покриваат со парите што ги добиваат од ТВ права, но со оглед на актуелната ситуација прашање е дали носителите на ТВ правата ќе ја уплатата последната рата.