Top Sport

Итен состанок во Барселона, денеска објава за нов тренер!

Управата на Барселона денеска ќе одржи итен состанок по шокантниот пораз од Баерн Минхен од 8-2 во четвртфиналето на ЛШ и најверојатно ќе донесе одлука за смена на тренерот Кике Сетиен.

Шпанските медиуми јавуваат дека првиот човек на клубот, Жозеп Бартомеу веќе одлучил да го смени Сетиен, кој во клубот дојде на местото на Ернесто Валверде.

Со Барса не успеа да ја одбрани титулата во Ла Лига, а во ЛШ го доживеа најголемиот пораз во историјата на клубот.

Информациите од Каталонија се дека прекинувањето на соработката ќе биде објавено околу 13 часот.

Шпекулациите се дека екипата ќе ја преземе Роналд Куман, кој вчера бил забележан во Каталонија. Холандскиот дефанзивец за Барса играше од 1989 до 1995 година, а како помошник тренер во клубот беше од 1998 до 2000 година.

Во кариерата ги водеше Витесе, Ајакс, Бенфика, ПСВ, Валенсија, АЗ Алкмар, Феенорд, Саутемптон и Евертон.

Сега е селектор на Холандија, но во договорот со „лалињата“ има клаузула дека може да си отиде ако го повика Барселона.

Scroll to Top