Top Sport

Иван Ракитиќ ќе го засили Хајдук

Фудбалскиот клуб Хајдук го реализира еден од најголемите трансфери во поновата историја на клубот. Трансфер инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо, обкави дека Иван Ракитиќ наредните две сезони ќе го носи дресот на Хајдук.

Хајдук долго време преговараше со Ракитиќ, фудбалерот изрази желба да се пресели во Сплит, а трансферот дојде во фаза на реализација кога Ракитиќ успеа да го раскине договорот со Ал шабаба.

На почетокот на годината Ракитиќ се пресели во Саудиска Арабија, откако замина од Севилја.

Ракитиќ со Ал Шабаба потпиша до крајот на јуни 2025 година, а му беа гарантирани 15 милиони евра по сезона. Сепак по шест месеци реши да стави крај на саудиската авантура. За Ал Шабаб на осум натпревари постигна еден гол и забележа една асистенција.

Најголемо влијание за доаѓањето на Ракитиќ во Сплит имаа новиот тренер Џенаро Гатузо, спортскиот директор Никола Калиниќ и Иван Перишиќ, долгогодишниот соиграч на Ракитиќ во хрватската репрезентација.

Ракитиќ во својата богата кариера го носеше дресот на Базел, Шалке, Севилја, Барселона и Ал Шабаб. Тој беше вицешампион на светот во 2018 година со репрезентацијата на Хрватска.

Scroll to Top