Top Sport

Иван Шуњиќ беше најлошата замена – 98 секунди, пенал, па црвен картон!

Бирмингем сити стигна до 2:1 победа над Блекбурн во третото коло од ФА купот, меч кој по лошо ќе го памети хрватскиот фудбалер од средниот ред на Бирмингем, Иван Шуњиќ, кој за само 98 секунди на теренот успеа да направи пенал и да добие црвен картон.

23-годишниот Шуњиќ влезе како замена за Гери Гарднер во 58. минута, додека резултатот беше 1:0. Шуњиќ веднаш ја загуби топката од центарот на теренот, по што се обиде да ја врати топката и го фати за дрес ривалот по што судијата Оливер Ленгфорд покажа пенал и црвен картон.

Блекбурн израмни од пенал, но Бирмингем во финишот на мечот стигна до 2:1 победа.

Scroll to Top