Top Sport

Биелса: Артета е вистинскиот човек за Арсенал

Новиот тренер на Арсенал, Микел Артета не треба да биде претставуван само како поранешен соработник на Пеп Гвардиола, вели еден од менторите на Гвардиола, тренерот на Лидс јунајтед, Марсело Биелса.

Шпанецот Артета ги презеде „топчиите“ во декември по отказот кој го доби Унаи Емери, откако претходно работеше како помошник на Гвардиола во Манчестер сити. Досега, тој имаше еден пораз, едно реми и една победа со Арсенал, пред утре да се судрат со Лидс во третото коло од ФА купот.

Артета го испофали Биелса и неговото влијание на модерниот фудбал, а сега аргентинскиот тренер ја врати услугата.

„За мене Гвардиола е најдобриот менаџер на светот, но и како секој голем тренер ја распределува одговорноста до своите помошници. Артета имаше тешка позиција и Арсенал не го избраа само бидејќи работел со Гвардиола. Тој е личност со многу повеќе квалитети. Со повеќе натпревари на Арсенал ќе го видиме неговиот карактер“, вели Биелса.

Scroll to Top