Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски стигна до 12. погодок во првенството на Кипар. Тој беше двен стрелец за АЕК Ларнака во триумфот (1-3) на гости против Анортозис.
Иван Тричковски првиот погодок го постигна од пенал во 27.минута, а потоа реализираше уште еднаш и во 64.минута.
АЕК Ларнака се наоѓа на втората позиција на табелата во кипарското првенство со 42 бода, четири помалку од лидерот Аполон Лимасол.