Top Sport

Ивица Краљ ќе биде нов спортски директор на Партизан

Поранешниот голман, 49-годишниот Ивица Краљ ќе биде новиот спортски директор на фудбалскиот клуб Партизан, јавува српскиот „Телеграф“, откако „црно-белите“ ја избраа замената за Ивица Илиев.

Ексголманот на ПСВ Ајндховен и Порто, веќе работи во клубот како шеф на скаутите, за сега да добие шанса за повисока позиција во клубот кој имаше многу турбуленции во последниот период.

По крајот на фудбалската кариера, Краљ исто така работеше како тренер на Мачва.

Scroll to Top