Top Sport

Фудбалерите посакуваат нов успех во Тбилиси (Фотогалерија)

Топспорт во Тбилиси,
Никола Ѓуровски
Фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа официјалниот тренинг на стадионот на Динамо Тбилиси, во пресрет на утрешниот натпревар против Грузија, претпоследен во ова издание од Лигатата на нации. Селекторот Благоја Милевски го нема на располагање најдобриот состав, но не недостига мотивација кај фудбалерите за успех.

Грузија во Скопје оствари убедлив триумф (0:3), па доколку Македонија сака после утрешниот меч да го преземе врвот, ќе треба да слави со четири гола разлика.

Грузијците ќе имаат огромна поддршка од трибините, затоа што според информациите сите билети се распродадени и на трибините ќе има 60.000 гледачи.

 

Scroll to Top