Top Sport

Изборите за претседател на Барселона ќе се оддржат на 7 март

Претседателските избори во Барселона ќе се оддржат на 7 март, потврди каталонскиот гигант, кога Жоан Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фреича ќе се борат да станат наследник на Жозеп Марија Бартомеу и да го преземат клубот кој се наоѓа во голема економска криза, а ниту на терените не им оди најдобро.

Изборите требаше да се оддржат на 24 јануари, но каталонската регионална влада не дозволи влез и излез во општината Барселона поради корона вирусот. Членовите ќе можат да гласаат по пошта и лично на шест изборни места – на „Ноу Камп“ во Барселона, како и во Џирона, Тарагона, Тортоса, Леида и Андора.

Барса се без претседател по оставката на Бартомеу во октомври по конфликтот со капитенот Лионел Меси, кој јавно го посочи него како главна причина за желбата да замине од клубот.

Се верува дека Лапорта е огромен фаворит за победа, и негови главни ветувања се останување на Меси и проект за подобрување на стадионот. Фонт, кој ја има поддршката на Карлес Пујол вети враќање на Чави како тренер на тимот, додека Фреича го поддржа сегашниот тренер Роналд Куман.

Scroll to Top