По гласањето на над 2 милиони фанови преку веб-страницата на УЕФА, објавен е најдобриот тим за 2019, и составот е навистина импресивен, иако во очи паѓа отсуството на Мохамед Салах и тоа што по подолго време нема ниту еден фудбалер на Реал Мадрид.

Во тимот има дури пет фудбалери на Ливерпул, и дури седум дебитанти: Алисон Бекер, Трент Александер-Арнолд, Матијс де Лихт, Енди Робертсон, Френки де Јонг, Роберт Левандовски и Садио Мане.

На голот е Алисон, а во одбраната се Александер-Арнолд, Виргил ван Дајк, Де Лихт и Робертсон. Средниот ред е пополнет со Холанѓаните Кевин де Брујне и Френки де Јонг, додека нападот е фантастичен: Лео Меси, Кристијано Роналдо (по рекорден 14. пат), Садио Мане и Роберт Левандовски.