Top Sport

Патиките со кои Кипчоге постави светски рекорд ќе бидат забранети

Контроверзните „Најк вејпорфлај“ патики со кои Елиуд Кипчоге првпат во историјата истрча маратон под 2 часа ќе бидат забранети од Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ), поради тоа што „пружините“ во нив даваат „нелегална“ предност.

Кипчоге во октомври во Виена во посебно контролирана трка (со „пејсмејкери“, автомобили и други помагала) истрча маратон под два часа, кој нема да биде сметан за светски рекорд, меѓутоа со истите патики, кениската сонародничка на Кипчоге, Бригид Косгеи во октомври го сруши светскиот рекорд во Чикаго со 2:14:04, за 81 секунди подобро од рекордот на Пола Редклиф од 2003 година, и овој рекорд најверојатно ќе биде поништен.

Проблемот на ИААФ со патиките е во петиците, во кои има сунѓер и јаглени влакна за да се зголеми „отскокот“ со што им се помага на тркачите со секој нареден чекор. Според правилата на ИААФ патиките кои се користат на натпреварувањата треба да бидат „разумно достапни“ на сите за да не се добие не-фер предност, а „Најк вејпорфлај“ чинат околу 250 евра.

Покрај ова ИААФ планира да ги забрани и тркачките патики за спринтерите, откако и таму има „револуционернИ“ дизајни со кои светскиот рекорд на Јусеин Болт од 9.58 секунди на 100 метри може да биде под закана.

Историја во Виена – Кипчоге истрча маратон под два часа!

Scroll to Top