Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба во серија видеа на Инстаграм се обиде на своите фанови да им ги даде последните вести по операцијата на скочниот зглоб, на кои беше очигледно под дејства на медикаменти и дури призна дека „би можел да ја пие сопствената урина“.
26-годишниот Погба беше на операција во вторникот, по што сигурно зажали што беше толку отворен во видеата кои беа навистина бизарни.
„Не знам дали сук океј, дали сум хај или сум трезен… Не изгледам трезен. Само да ви кажам дека бев на операција. Дали помина добро, навистина не знам. Го гледате мојот зглоб, не ги чувствувам прстите. Ќе ви кажам подоцна“, вели во едно од видеата.
Во друго видео тој е загрижен за својата фризура, велејќи дека му треба совет за бербер, по што доаѓа најбизарното признание дека може да ја пие сопствената урина.
„Ми дадоа некои работи, не знам што е, но чувството е добро. Можам да ја пијам мојата мочка, изгледа како сок од јаболка. Луѓето ми кажаа дека изгледам пијано, навистина? Не пиев алкохол ми дадоа нешто, не знам што“, додава Погба.
Paul Pogba high is everything I needed to see today ??? #MUFC [Ig] pic.twitter.com/FJr79xplSz
— United Xtra (@utdxtra) January 7, 2020
Naaah Pogba’s off his rocker ? #MUFC pic.twitter.com/gPOvTnNphL
— United Xtra (@utdxtra) January 7, 2020
— utdreport (@utdreport) January 7, 2020