Top Sport

Изјавата на Лукаку од пред две години: Никогаш не би играл во Јувентус

Ромелу Лукаку го извиси Интер и реши кариерата да ја продолжи во Јувентус. Одлуката на Белгиецот ја шоокираше италијанската јавност која потсети на една негова изјава од пред две години. Поради таа изјава, минатата сезона, навивачите на Јувентус на расна основа.

Лукаку се уште е играч на Челси, но јасно е дека во новата сезона нема да го носи синиот дрес. Минатата сезона тој играше како позајмен играч во Интер. Клубот се обиде да го откупи неговиот договор од Челси, го договори обесштетувањето, но Лукаку шокираше со одлуката да се пресели во Јувентус.

Трансферот ќе биде реализиран кога Јувентус ќе го продаде Душан Влаховиќ.

На Лукаку нема да му биде лесно да стекне доверба кај навивачите, кои не ја заборавиле неговата изјава од пред две години.

„Јувентус? Никогаш не би играл таму. Се обидоа да ме купат и јас малку му се налутив на менаџерот бидејќи знаеше дека никогаш не сакав да преговарам со тој клуб. За мене постои само Интер дури и ако Јувентус испрати подобра понуда. И во иднина ќе играм само за Интер или ќе се вратам во Андерлехт“, изјави Лукаку пред две години.

Јувентус за Лукаку понуди фиксна сума од 37.500.000 евра и дополнителни 2.500.000 евра преку бонуси.

Scroll to Top