Top Sport

„Изјавата на Пикси не е достојна за селектор на репрезентација“

Србија дожевеа дебакл во квалификациите за Светското првенство. Англија победи со 5:0 на „Маракана“ во Белград со головите на Хари Кејн, Нони Мадуеке, Езри Конса, Марк Гуеи и Маркус Рашфорд.

Најостри критики трпи српскиот тренер Драган Стојковиќ Пикси, навивачите го исвиркаа пред почетокот на натпреварот и на полувремето. Пикси изјави дека нема да поднесе оставка, а доколку во Сојузот решат да го отпуштат ќе ја прифати одлуката.

До конечната одлука дали Пикси ќе остане на функцијата или не, јавноста ќе ја критикува работата на селекторот.

„Составот на тимот и тактиката што ја постави беа на многу ниско ниво, тоа не е репрезентативно ниво. Со тоа не може да се пофали во својата богата тренерска кариера што ја имаше во Јапонија и Кина“, изјави аналитичарот Раде Богдановиќ за ТВ Нова и продолжи:

„Резултатот не е изненадувачки. Англичаните се добар тим со сериозен тренер. Германска дисциплина, тоа не е репрезентација предводена од тој несреќен Гарет Саутгејт на Европското првенство. Им недостасуваа три, четири играчи кои вредат огромно богатство.

Начинот на кој загубивме ги фрла фудбалските фанови во еден вид депресија. Како селектор, тој (Пикси) не создаде систем на игра, не избра група играчи кои постојано ќе играат за него.“

Потоа додаде: „Има и луѓе од Шпанија, Марбеља, кои малку се мешаат во неговиот тим и ги туркаат своите играчи. Но, сега нема да ги навредувам, нема да им влегувам во џеб… Загрижен сум за синоќешната изјава, никој не може да ги цитира неговите изјави, дури ни луѓе многу поинтелигентни од мене…

Да ја префрли вината на играчите, да каже дека се бавни, троми, дека не играат, дека немаат минути во своите клубови… Тоа не е културно и е неодговорно од селектор кој претставува една држава.“

Foot/ EPA

Scroll to Top