Утре ќе официјално ќе биде објавено името на добитникот на „Златната топка“. Медиумите минатата недела објавија дека Лионел Меси шестти пат во кариерата ќе биде лауреат, а денес на социјалните мрежи се појави и списокот со конечниот избор ии бројот на гласови.
На фотографијата се гледа дека Меси е прв о 446 поени, зад него е Вирџил Ван Дајк (382), а на третото место ќе заврши Мохамед Салах (179).
Кристијано Роналдо кој најавил дека нема да присуствува на церемонијата е четврти (133).
Потоа следуваат Садио Мане (97), Алисон Бекер (82), Килијан Мбапе (55), Френки Де Јонг (30), Матијас Де Лихт (29) и Еден Азар (21).