Top Sport

Реал му нуделе пари за да ја одбие понудата од Тотенхем

Англискиот магазин „Сан“ објави информација дека Реал Мадрид му понудиле на Жозе Мурињо 12 милиони фунти за да ја одбие понудата од Тотенхем.

Мурињо долго врме се поврзуваше со враќањето во Реал, особено на почетокот на сезоната. Поради тоа Реал биле подготвени богато да го наградат и тој да биде подготвен да се врати на работа доколку Зидан добие отказ.

„Сан“ тврди дека Мурињо долго и внимателно ја следел ситуацијата во Тотенхем и дека сакал да го преземе тимот кој според него поседувал голем потенцијал. Магазинот шпекулира дека неколку недели пред да му биде врачен отказот на Покетино, Мурињо бил во постојан контакт со претседателот на клубот Даниел Леви.

Покетино доби отказ на 21 ноември, а веќе наредниот ден Мурињо ја се појави на работа во новиот клуб.

Scroll to Top